Препораки за заштита од студени бранови

Како против студеното време - Препораки за матичните лекари

  • Симптоми на хипотермија:

    • - треска,ладна, бледа и студена кожа
    • - апатија, дезорентација или несоодветно однесување
    • - летаргија или пореметување на свеста
    • - забавено и плитко дишење
    • - забавен и ослабен пулс
  • СМРЗНАТИНИ

    Препознавање:

    • - можно појава на трнење во почетокот,
    • - бледило проследено со вкочанетост
    • - втврднување на кожата
    • - промена на бојата на кожата на засегнатата површина: во почетокот е бела, подоцна сивкаста и модра. По опоравувањето кожата може да биде црвена, жешка, болезникава и да има појава на меури. Ако се појави гангрена тогаш се јавува поцрнување на ткивото поради недостиг на крвоснабдување.
  • ПОТСЕТЕТЕ СЕ!

    • 1. За механизмите на манифестирање на болестите поврзани со ладното време,
      дијагноза и третман.
    • 2. Како функционираат системот за терморегулација и крвотокот на ладно време.
    • 3. Како се развиваат смрзнатиците и хипотермијата, и кај кои луѓе се зголемува ризикот од истите
    • 4. Ризикот и заштитните фактори од болестите поврзани со ладното време.
    • 5. Лекарска терапија и внесување на течности кај 1) болни лица, 2) оние со напредни срцеви болести или 3) луѓе кои се зачестено изложени на ладно на подолги периоди.
  • ЕДУЦИРАЈТЕ, СОВЕТУВАЈТЕ И ИНФОРМИРАЈТЕ ГИ ПАЦИЕНТИТЕ ЗА:

    • 1. Важноста кон придржување на препораките дадени во едукативните материјали за општата популација.
    • 2. Можните несакани последици од препишаните лекарства и потребата за прилагодување на дозата, доколку е потребно, за време на зимскиот период
    • 3. За подетални информации да ги контактираат медицинските и социјалните служби, линиите за помош и итните медицински служби
  • ПОТСЕТЕТЕ СЕ!

    • 1. За механизмите на манифестирање на болестите поврзани со ладното време,дијагноза и третман.
    • 2. Како функционираат системот за терморегулација и крвотокот на ладно време.
    • 3. Како се развиваат смрзнатиците и хипотермијата, и кај кои луѓе се зголемува ризикот од истите
    • 4. Ризикот и заштитните фактори од болестите поврзани со ладното време.
    • 5. Лекарска терапија и внесување на течности кај 1) болни лица, 2) оние со напредни срцеви болести или 3) луѓе кои се зачестено изложени на ладно на подолги периоди.
  • Заболување (Главнопоглавјеод МПКЗ)

    • Кардиоваскуларно заболување, хипертензија, коронарно артериско заболување, срцеви нарушувања (I00–I99)
    • Заболувања на респираторниот систем, хронично пониско респираторно заболување (ХПРЗ, бронхитис) (J00–J99)
    • Дијабетес мелетус, други ендокрини нарушувања (E10–E14)
    • Органски или ментални нарушувања, деменција, Алцхајмерова болест (блага, умерена, сериозна)(F00–F09)
    • Ментални нарушувања и нарушувања во однесувањето поради употреба на психоактивни супстанции, алкохолизам (F10–F19)
    • Шизофренија, халуцинации (F20–F29)
    • Екстрапирамидални нарушувања и нарушувања во движењето (пр. Паркинсова болест) (G20–G26)
    • Мускуло-скелетни нарушувања вклучувајќи ревматски артритис (Пиенимаки, 2002)
    • Многу кожни заболувања се влошуваат при ладно време
    • Забелешка. Оваа табела се осврнува само на хронични (долгорочни состојби), а не акутни заболувања. Респираторните инфекции се исто така ризик фактори за морталитетот поврзан со ладно време (Морцоко&Фалагас, 2007).

Информации за општата јавност - Заштитете се себеси при ладно време

Да го заштитиме здравјето на вработените во услови на студен бран